
Мајка. Едукаторка. Човек што учи заедно со тебе.
Јас сум Ира Лозана — мајка на три деца, менторка за родители, едукаторка и инструкторка по јога. Моето искуство со невроразличноста е и лично и професионално.
Моето „зошто“
Мојот пат не започна од амбиција, туку од потреба. Како да му помогнам на моето дете кога светот не го разбира? Како да останам присутна кога сум на работ од себе? Од тие прашања се роди мојата работа со родители, семејства и едукатори.
Што создавам денес?
Простор за родители што бараат разбирање и практична поддршка. Обуки за едукатори и организации. Јога и движење како време за себе. Разговори во подкастот „Ира Инспирира“.
Разбери. Прифати. Сакај. Овие зборови се покана да погледнеме зад однесувањето, да ги запознаеме потребите и да градиме поврзаност во секојдневието.
Не нудам совршени решенија. Нудам простор, присуство и заедничко истражување на следниот чекор.
