Поддршка за родители

Поддршка за животот меѓу терапиите

Што се случува дома, меѓу посетите кај логопед, специјален едукатор и другите стручни лица? Тука се секојдневните рутини, комуникацијата, границите, играта — и твојата потреба да здивнеш.

Индивидуалната поддршка започнува од твоето семејство и од она што ви е најважно во моментот. Заедно ги разгледуваме предизвиците и бараме мали, применливи чекори.

За што можеме да разговараме?

Подобро разбирање на детето и неговите потреби. Комуникација и поврзување. Секојдневни рутини. Предизвикувачко однесување. Соработка со училиштето и кругот на поддршка. Простор и за тебе како родител.

Да почнеме со разговор

Пиши ми накратко што ти е потребно. Ќе разговараме за соодветниот формат, достапноста и условите пред да договориме работа.

Пиши ми на info@iralozana.com · 078 588 038

Scroll to Top